Гејбл Стивесон за соработката со Џон Џонс: Не мислам дека има нешто што не можам да го направам

Олимпискиот шампион во слободен стил, Гејбл Стивесон, ги сподели своите впечатоци од соработката со поранешниот шампион во две категории на УФЦ, Џон Џонс.
Стивесон имаше успешно деби во организацијата на УФЦ 329, каде што го нокаутира Елајџа Елисон.
„Тие го тренираат Гејбл Стивесон да се бори како Гејбл Стивесон. Имам одлични тренери на моја страна. Поради мојот атлетизам, можам да правам многу од работите што ги правеше Џон. Но, поради мојата висина и експлозивност, можам многу брзо да ја скратам дистанцата“, изјави Стивенсон за ММА џанки.
„Џон ми ги покажува работите во кои е најдобар. Тој го знае мојот стил, знае за што сум способен и знае што ќе правам затоа што не мислам дека има нешто што не можам да го направам“, додаде тој.
Работата со Џонс е дел од подготовката на Стивесон за преминот од елитни борби во мешани боречки вештини. По неговото убедливо деби, Американецот веќе се смета за едно од највозбудливите нови имиња во тешката дивизија на УФЦ.



