Алекс Переира опсипан со критики по семинарот во Велика Британија

Поранешниот шампион на УФЦ во средна и полутешка категорија, Алекс Переира, се најде во центарот на контроверзии по семинарот одржан во Велика Британија. На социјалните мрежи се појавија низа критики од навивачите кои го обвинија Бразилецот дека не се сретнал со публиката како што вети.
Според широко распространетите обвинувања, Переира одбил да се фотографира со навивачите, да дава автограми, па дури и го завршил своето учество порано од планираното. Набргу потоа, организаторот на настанот, Џојагеар, објави официјално соопштение во кое ја презема целосната одговорност за она што се случило и силно ја брани ѕвездата на УФЦ.
„Како организатор на настанот, Џојагеар ја презема целосната одговорност за организацијата, логистиката, комуникацијата и договорените услови. Алекс Переира ни веруваше да ја организираме турнејата“.
Компанијата призна дека проблемот настанал поради празнини во комуникацијата.
„Поради лошата комуникација и недостатоците од наша страна, договорените услови не му беа јасно соопштени на Алекс. Како резултат на тоа, моравме да направиме измени во некои аспекти на настаните“.
Организаторите нагласија дека вината не треба да се префрли на поранешниот шампион.
„Сакаме да бидеме апсолутно јасни: Алекс Переира не е виновен“.
Изјавата донекаде ја смири тензијата меѓу навивачите, но случајот предизвика дискусии на социјалните мрежи за организирање на вакви средби со познати спортисти. Переира останува една од најпопуларните личности во светот на ММА, а во последниве години се етаблираше како една од најголемите ѕвезди на УФЦ благодарение на неговите шампионски титули во две различни тежински категории.
🤔The organisers for Alex Pereira’s UK tour release a message regarding his seminar
“We want to make one thing very clear: Alex Pereira was not at fault” https://t.co/5aeeGW1xRo pic.twitter.com/UUPh0lQhp0
— Dovy🔌 (@DovySimuMMA) June 28, 2026



