Александaр Емелјаненко пак е во болница поради проблеми со грбот

Легендарниот руски ММА борец Александар Емелијаненко беше примен во болница поради сериозни проблеми со грбот, објавија руските медиуми. Според информациите на ТАСС, состојбата на 44-годишниот ветеран се влошила поради хернија.
„Александар е во болница. Проблемите со грбот се влошија. Има хернија“, изјавил лице блиско до него.
Веста доаѓа повеќе од една година по операцијата на која Емелијаненко беше подложен во 2025 година. По операцијата помина низ долг период на закрепнување, а неговата иднина во боречите спортови остана под знак прашалник.
И покрај здравствените проблеми, Русинот никогаш не изјавил желба да се врати на активните натпревари.
Александар Емелијаненко дебитираше во професионалната ММА во 2003 година и се етаблираше како едно од најпопуларните имиња во тешката категорија. Во кариерата се сретна со борци како Мирко „Кро Кап“ Филиповиќ, Џош Барнет, Сергеј Харитонов, Фабрицио Вердум, Џеф Монсон и Магомед Исмаилов.



