АктуелноБалкански првенстваЏудо

Виктор Трчков освои бронзен медал на Балканското џудо првенство за деца

Виктор Трчков (-66 кг) освои бронзен медал на Балканското првенство за деца (У-14).

На првенството што се одржува во Битола Трчков забележа 4 победи и 1 пораз (од балканскиот шампион).

„Како тренер горд сум што нашиот репрезентативец – член на ЏК Миоки ја одбрани честа на македонското џудо освојувајќи го единствениот медал за нашата федерација како организатор“, напиша на Фејсбук тренерот Игор Паскоски..

Енил Ајдиноски имаше одличен настап и стигна до мечот за бронза. Иако не успеа да освои медал, со освоеното 5. место покажа голема борбеност, карактер и потенцијал за идни успеси.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON