Паунд фор паунд тим Македонија на „АЈП Грција“ во Атина освои 15 медали

Паунд фор паунд тим Македонија на Меѓународниот џиу џицу турнир „АЈП Грција“ во Атина освои 15 медали – 9 златни и 6 сребрени
„Медалите се поткрепени со вкупно 16 победи (11 победи со завршница ,гушења и лостови и 5 на поени) и 6 порази (1 со завршница, 2 со дисквалификација и 3 на поени) што е сериозно позитивна анализа кога резимираме резултати на цел наш тим“, велат од битолскиот клуб Паунд фор паунд кој настапи на овој престижен турнир со 12 натпреварувачи – 8 пионери, 3 кадети и 1 јуниор во конкуренција од 43 школи и 850 учесници.
„Само тројца наши натпреварувачи учествуваа во две дисциплини, додека останати 9 се бореа само во една дисциплина (поради финасии и немање на слух за нашите деца од нашето општество) со што крајниот резултат би бил многу поголем“, велат од клубот со порака:
„Продолжуваме напред без оглед на се и со надеж дека конечно некогаш ќе дојдат вистински луѓе и ќе сакаат да слушнат за нас, нашата работа и нашите успеси.
Имаме тим за европски медали, но, за жал, мора да чекаме да се средат некои работи во спортот, ако воопшто некогаш се средат“.



