АктуелноБорењеДомашна сцена

Јубилејниот 50.„Македонски бисер“ ќе се одржи на 30 мај во Радовиш

На 30 мај Радовиш ќе биде домаќин на јубилејниот 50. Меѓународен турнир во борење „Македонски бисер“, настан што со децении е симбол на традиција, шампионски дух и спортска гордост.

Во организација на Боречката федерација на Македонија, Општина Радовиш и БК Бучим, годинашниот турнир ќе донесе натпреварувачи и гости од повеќе земји, како Бугарија, Србија, Косово, Грција, Црна Гора, Израел, Молдавија, Романија и репрезентацијата на Македонија.

„Македонски бисер“ не е само турнир, тоа е приказна што трае 50 години. Приказна за генерации борци, за полни трибини, за спортски херои и моменти што остануваат засекогаш запаметени.

Овогодишното, јубилејно издание на „Македонски бисер“ ќе обедини врвни домашни и меѓународни натпреварувачи во повеќе боречки категории и дисциплини, носејќи квалитетна и динамична спортска програма во текот на целиот ден. Турнирот ќе понуди натпревари на високо натпреварувачко ниво, со учество на искусни борачи, млади таленти и репрезентативци од повеќе земји, потврдувајќи го статусот на „Македонски бисер“ како еден од најзначајните боречки настани во регионот.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON