АктуелноДруги вештиниЏиу џицу - БЏЏ

Џиу џицу репрезентацијата на тренинг камп во Бугарија

Од денес до недела, во Бургас – Бугарија, дел од нашата репрезентација предводена од Катерина Ацевска ќе учествува на тренинг камп кој ќе го водат Роман Аполонов од Германија, петкратен светски шампион и четирикратен европски шампион во сениорска конкуренција до 77 киолграми, како и Словенецот Бени Лах, светски и европски шампион во категоријата до 94 кг.

На шест тренинга ќе се одработуваат техники и тактики за борби, специјалност на инструкторите.

Покрај овие двајца инструктори ќе бидат и уште двајца реномирани тренери од Бугарија.

„Нашата екипа ќе брои 7 членови, јуниори и сениори. Во фокус се Светското првенство за кадети и јуниори во август во Абу Даби, Балканското првенство за сите категории во септември во Бања Лука, како и Светското првенство за сениори во Рим во октомври.

Иако се далеку, овие тренинг кампови со вакви инструктори се секогаш значајни. Секако следуваат и тренинг камповите во Лептокарија, Грција и Сараево, Босна и Херцеговина“, вели селекторот Александар Ацевски.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON