Вардар донесе одлука неговите борачи да си бараат чаре во друга држава

Боречкиот клуб Вардар веќе донесе јасна и конечна одлука, вели претседателот на клубот Љубиша Пешко, ако нивните борачи не им се потребни на макеоднската репрезентација слободно да си бараат ангажман во друга држава.
„Доколку на нашите спортисти систематски им се оневозможува да ја претставуваат својата држава Македонија на меѓународната сцена, од денес тие се слободни да побараат излез и да настапуваат за други земји.

Нема да дозволиме кариерите на врвни таленти да бидат жртва на нечии лични интереси, дискриминација и злоупотреба на функција. Нема да дозволиме системска неправда да ги уништува кариерите на докажани спортисти. Одговорноста за оваа состојба е директна и недвосмислена“, вели Пешко и додава дека БК Вардар нема да биде соучесник во уништување на сопствените спортисти.

„Најверојатно сите наши млади таленти, ако не се доволно добри според раководството на БФСМ, ќе си најдат арнгажман во Германија, Косово, Бугарија, Шведска, Данска и Грузија.
Таму нема да бидат дискриминирани и ќе можат да освојуваат медали како Андреа Нисева и Шаќир Бислими“, вели Пешко.




