Гејбл Стивесон: Подготвен сум да покажам дека местото ми е во УФЦ

Гејбл Стивесон е подготвен да го направи следниот голем чекор во кариерата и да докаже дека припаѓа на највисокото ниво на ММА.
По само три професионални борби во мешани боречки вештини, олимпискиот шампион во слободен стил од Токио 2020/21 година (3-0) сега потпиша со УФЦ. Тој ќе го има своето деби во УФЦ на 11 јули за време на Меѓународната недела на борбите на УФЦ 329 во Т-Мобилеа арена во Лас Вегас, а противникот сè уште не е објавен.
25-годишниот борец не го криеше возбудувањето за овој момент:
„Човече, се чувствувам неверојатно. Ова ќе биде најголемото деби во светот и јас сум подготвен. Возбудата, нервозата – сè е дел од играта. Подготвен сум да го направам овој голем чекор кон УФЦ и да го направам она што морам да го направам. Мислам дека Меѓународната недела на борбите ќе биде луда. Можеби некој луд хедлајнер што сите го знаете ќе се врати, па којзнае?“, изјави Стивесон за УФЦ.
Сепак, пред тоа, ќе има уште еден предизвик – на 30 мај ќе се соочи со ветеранот на УФЦ Александар Романов на РАФ 09 во Арлингтон, Тексас. Настанот ќе се емитува на ФОКС нејшн.



