Македонија со седум борачи на Европското првенство за сениори во Тирана, Вардар незадоволен

Македонија на Европкото сениорско првенство во борење во Тирана, Албанија, од 20 до 26 април, ќе настапи со шест борачи и една борачка.
Боите на Македонија ќе ги бранат:
Владимир Егоров 61 кг, Мухамед Феруки 65 кг, Фати Вејсели 74 кг, Расул Шапиев 79 кг, Реџеп Хајдари 97 кг и 125 кг Могамедгаџи Нуров.
Во женско борење ќе настапи Вероника Рјабоволова 55 кг.
БК Вардар преку соопштение изразува незадоволство зошто во стоставот на репрезентацијата не е Адам Модосјан, иако е државен првак.
„Адам Модосјан – државен шампион на Македонија во категорија до 92 кг и неспорен лидер во категоријата – не е вклучен во составот за Тирана. Тој е натпреварувач на БК Вардар и е роден во Македонија, а на 5 ноември 2025 година наполни 23 година.
На негово место за Европското првенство заминува Реџеп Хајдари – добар натпреварувач, но кој главно се натпреварува оваа година во категорија до 97 кг и нема настапи во категорија до 92 кг во тековната сезона.
Причината за оваа одлука отвора дополнителни прашања, особено имајќи го предвид фактот дека натурализираниот натпреварувач на Вардар, абсолутно најдобар и најкомплетен борач во Македонија – Ахмад Магомедов, сите свои соперници до ден-денешен ги победува со технички туш. За неколку години до сега, не изгубил ниту 1 поен на домашна сцена и е актуелен бронзен шампион од Европско првенство“, истакнуваа претседателот на Вардар, Љубиш Пешко.



