
Тимот на Милошевски маршал артс имаше силен настап од 2 до 5 април УСА опен 2026 и Јуниорскиот меѓународен куп во Форт Ворт, Тексас – најголемите карате натпревари во САД. Со дисциплина, знаење и карактер, македонските претставници од ММА уште еднаш достојно ја претставија државата.
Сиена настапи во повисока категорија на двете натпревари и покажа значителна форма. Иако без медал поради жрепката, стекнатото искуство е вреден чекор напред.

Бони, по тежок старт на ЈИК, направи силен пресврт на УСА опен:
–второ место во кумите
–трето место во ката
Нејзиниот настап е доказ дека вистинските шампиони се препознаваат по тоа како се враќаат кога е најтешко.
Значаен придонес во подготовките имаше и Виктор Јовановски, како ММА тренер, кој со својата енергија и професионализам го подигна нивото на тимот.

Покрај натпреварувачкиот дел, нашиот светски судија Дејан Милошевски беше дел од судискиот корпус и селекцијата за У-21 националниот тим на САД. На турнир со 12 татами, во тек од четири дена и со судење по 8–10 часа дневно, покажа врвно ниво. Фактот дека на неговите татами немаше ниту еден протест е силна потврда за квалитетот, авторитетот и тимската работа на највисоко ниво.

Ова е уште една потврда дека македонските спортски амбасадори чекорат напред – силно, достоинствено и со јасна визија да ја претстават Македонија во најдобро светло.
„Шампионите не се мерат само со медали, туку со тоа колку знаат да учат, да се прилагодуваат и да победуваат кога е најтешко“, вели Дејан Милошевски и додава:
„Како тренер, светски судија и натпреварувач ( 2 пати УСА Опен шампион – 2021-2025), знам дека на ова ниво не е доволно само да се изведе техника – мора да се разбере што бараат судиите, како се гради поен и кога се носи одлуката. Бони за само 24 часа успеа да ги разбере и примени моите совети и насоки и да направи резултат – нешто што не може секој. Таа е талент со големо срце и вистински шампионски карактер“.



