БоксПрофесионален

Руски шампион: Усик е мало момче со цуцла

Рускиот боксер Артем Сусленков (13-0, 8 нокаути), носител на континенталниот појас во тешка категорија на ВБА, ја критикуваше непоразената легенда Александар Усик.

Причината за ова е што Украинецот ќе боксира против легендата на кикбоксот Рико Верховен, при што појасите на Усик се во прашање.

„Мислам дека оваа борба е неправедна кон другите боксери. На еден кикбоксер му се дава шанса, иако има многу боксери кои копнеат по овие појаси. И сите се подготвени да се борат за нив. За мене, Усик е како мало момче кое ја зграпчило цуцлата и самото ја цица. И тој избира со кого претпочита да се бори“, рече Сусленков.

Русинот не ги криеше амбициите да се соочи со најголемите имиња во дивизијата – Усик или Тајсон Фјури. „Би било навистина одлично да се борам со врвните имиња на ранг-листата. Штом ја добијам таа шанса, ќе бидам подготвен“, додаде тој.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON