АктуелноДомашна сценаКарате
Макпетрол најуспешен карате клуб на Државното првенство за сениори

Најуспешен клуб на Државно карате првенство за сениори што се одржа во саботата во Скопј е Макпетрол со 9 медали – 4 златни, 3 сребрени и 2 бронзени.
Втор е Олимпик спорт со 7 (4-3-0), а на третото место е Сансаи Метал Апостолов 3 (2-1-0).
Потоа следат Штип 2 (1-1-0), Ускана, Фунакоши Гичин и Ринија 2 (1-0-1), Дебар и Куштрими 1 (1-0-0), Башкими 4 (0-2-2), Гладијатор 3 (0-1-1), Кизаме и Карате клуб Вардар 2 (0-1-1), Заншин до и Фати 1 (0-1-0), Ботони, Самурај и Металург 2 (0-0-2), Астибо, Шампион, Кочани, Вардар и Цветан Димов.
Држваното првенство беше од изборен карактер за репрезентацијата која ќе настапи на Европското првенство во Франкфурт, Германија, од 20 до 24 март.
Првопласираните обезбедија место во репрезентацијата.



