Крафорд: Али останува најголем

Поранешниот светски шампион во пет категории, Теренс Крафорд, изјави дека не се смета себеси за најголем боксер на сите времиња.
Во интервју за „Боксинг њуз“ јасно стави до знаење кој го заслужува тоа признание:
„Не, јас не сум најголемиот боксер на сите времиња. Мислев дека сум најдобар, но најголемиот на сите времиња е Мухамед Али“.
Крафорд ја заврши кариерата во декември, останувајќи непоразен со резултат од 42 победи и 0 порази. Тој влезе во историјата како прв боксер кој стана апсолутен светски шампион во три различни тежински категории.
Од друга страна, легендарниот Мухамед Али се пензионираше од боксот во 1981 година со бројка од 56 победи и 5 порази. Почина во 2016 година, но останува една од најзначајните личности во историјата на спортот.



