БоксПрофесионален

Инуе – Накатани распродаден: 55.000 ќе го наполнат Токио дом

Големиот судир меѓу Наоја Инуе и Џунто Накатани е официјално распродаден, објавува Сурс оф боксинг на социјалната мрежа X.

Борбата ќе се одржи во легендарниот Токио дом, кој има капацитет од околу 55.000 гледачи. Ова ќе биде втор пат во кариерата на Инуе да ја распродаде целата иконска арена.

Очекувањата за борбата се огромни, бидејќи во неа се соочуваат двајца од најелитните јапонски боксери во моментов и е меѓу најголемите настани во светскиот бокс за годината.

Распродажбата на билети уште еднаш го зацврстува статусот на Инуе како една од најголемите ѕвезди во спортот, способна да привлече десетици илјади навивачи на стадионско ниво.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON