АктуелноДомашна сценаКарате

Три бронзи за каратистите на Макпетрол како дел од сениорската репрезентација на „Златен појас“ во Чачак

Викендов се одржа најстариот европски Меѓународен карате турнир 55 -ти по ред „Златен појас“ во Чачак, Србија. Македонија на овој турнир беше поканета и настапи со 15 спортисти од поширокиот список на сениорската репрезентација, Во Чачак имаше силна конкуренција на пријавени официјални репрезентации од 22 држави, од Балканот и Европа.

„Каратистите на Макпетрол одлично се преставија на овој регионално најсилен европски карате турнир. Успеаja да освоjат три бронзени медали, иако можеше успехот да биде и поголем. Добар впечаток остави Петар Заборски (-75 кг), кој беше и тренер и спортист на овој турнир, тој имаше вкупно 4 победи и еден пораз ( 0-0 ), загуби на изјаснување во полуфиналната борба.

Репрезентативките Викторија Јовановска и Јована Мицовска, исто така прикажаа модерен карате пристап и одлична форма. Добар впечаток остави и младиот спортист Андреј Стојчевски (-60 кг) од Кизаме, кој освои сребрен медал. Спортистите Данило Божовиќ (-84 кг) и Вукашин Јовановиќ (-67 кг) овој пат не успеаја да освојат медали“, велат од Макептрол.

Медалите ги освоија:

1.Петар заборски (-75 кг),
2.Викторија Јовановска (-68 кг) и
3.Јована Мицовска (-61 кг)
4. Андреј Стојчевски (-60 кг)

Сениорска карате репрезентација на Мaкедонија “Златен појас на Чачак” 2026

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON