Рекордни 30 борби ќе се одржат во 1.коло на Првата и Младинска бокс лига во Штип

Рекордни 30 борби ќе има утре во 1.коло на Првата и Младинска бокс лига во Штип.
Борбите почнуваат во 14 часот во слата на СОУ „Коле Нехтенин“.

Организаторот Пинк пантер тим истакнува дека се е подготвено за стартува Првата и Младинска лига и притоа највува атак на титулата во Младинската лига. Шефот на стручниот штаб Петар Чурлиновски уверува дека неговите боксери се подготвени да јуришаат на титулата, а тоа се заснова на добриот настап на Балкан опен купот и Олимписки надежи, каде што минатата сезона триумфираа.

Но, според пријавите, и Шкупи влегува со шампионски амбиции, а тука се и бранителите на титулата Фамилија Демирови.
Во Првата лига Аперкат ја брани титулата, но, ако Пелистерски јунак и Универзалци настапат со полни состави, ќе се води инетерсна битка. Секако тука се и Шкнедија но лимит, Шкендија бокс, Алексо Огненовски, Шкупи.
Прва и младинска лига 1.коло:
Кадети (У-15)
40 кг Филип Мајкиќ (Алексо Огненовски) – Емир Расимов (Фамилија Демирови)
44,5 кг Али Расимов (Пинк пантер тим) – Ардијан Алими (Шкупи)
52 кг Елон Демири (Шкендија но лимит) – Амет Бузески (Ас)
56 кг Максим Јанкуловски (Тигар) – Енвер Хавзија (Шкендија н.л.)
59 кг Алтин Чајани (Шкупи) – Лука Трајковски (Вориор Куманово)
+76 кг Адван Ајидини (Шкупи) – Лука Корунски (Ас)
Јуниори (У-17)
46 кг Мухамед Мемедов(Пинк пантер) – Алишан Рустемовски (Пелистерски јунак)
48 кг Ервин Демиров (Ф.Демирови) – Марко Чурлиновски (Пинк пантер)
50 кг Шаин Реџеповски (Ф. Демирови) – Илир Селмани (Шкендија бокс)
52 кг Донат Хасани (Шкендија бокс) – Петар Трајчевски (А. Огненовски)
54 кг Лазар Димитров (Пинк пантер) – Ферит Арифи (Шкендија н.л.)
54 кг Туран Демиров (Ф.Демирови) – Крисијан Стојаноски (А.Огненовски)
60 кг Есијен Џеладинов (Шампион Черење) – Лука Пецески (Чигра бокс)
60 кг Арабел Рустемовски (Пелистерски ј.) – победник Џеладинов-Пецески
63 кг Зулфиќар Бајрам (Пинк пантер) – Арлинд Касами (Шкупи)
63 кг Матеј Смилевски (Ронин 24) – победник Бајрам-Касами
70 кг Максим Величковски (Вориор Куманово) – Валентин Стизилоски (Ас)
80 кг Бертан Ибраимов (Ф.Демирови) – Леотрим Сулејмани (Шкупи)
+80 кг Ебрар Мемеди (Шкупи) – Миле Нешкоски (Ас)
Младинци (У-19)
56-60 кг Самир Рашити (Куманово 84) – Семи Елмази (Шкендија бокс)
61-65 кг Ерион Саити (Шкендија н.л.) – Александар Панов (Пинк пантер)
66-70 кг Лео Панов (Универзалци) – Ервин Аземи (Шкупи)
71-75 кг Амир Лецај (Шкупи) – Доњет Рамадани (Шкнедија бокс)
Сениори
56-60 кг Ебуталип Агушев (Ф.Демирови) – Стефан Петрушевски (Аперкат)
66-70 кг Мирко Василев (Ронин 24) – Ертан Алију (Тернипе Јадигар)
66-70 кг Леон Гештаковски (Фајтер илери) – Наум Стојковски (А.Огненовски)
71-75 кг Марио Пеливановски (Ронин 24) – Ајнур Абаз (Тернипе Јадигар)
+90 кг Радослав Велески (Ронин 24) – Заид Насераѓа (Универзалци)
Младинци У-19 група 2
61-65 кг Андреј Смилевски (Ронин 24) – Влатко Димески (Ас)



