Мозес Итаума во пресрет на борбата против Џермејн Френклин: Совршен противник

Мозес Итаума има само 21 година и сака да го оправда угледот што го изгради во последните две или три години. Непоразениот Британец победи во 11 од своите 13 професионални борби со нокаут во првите две рунди.
Промотерот Френк Ворен, бројни колеги, боксерски аналитичари и фанови веруваат дека борецот од Кент е идниот владетел на тешката дивизија во не толку далечна иднина.
Ѕвездата во подем се враќа во акција на 28 март кога ќе се соочи со силниот Американец Џермејн Френклин во арената „Кооп лајв“ во Манчестер.
Итаума е решен да покаже дека може да ги исполни сите очекувања поставени пред него.
„Не сакам да го докажам тоа само на фановите и јавноста, сакам да си докажам и себеси дека можам да го направам она што мислам дека можам – рече Мозес Итаума и истакна дека ова е натпреварот што го чекал:
„Луѓето мислат дека зедов „тајм-аут“, но по мечот во август против Вајт, барав противник. Бев подготвен за натпреварот во декември, но не најдов противник. На крајот на јануари закажавме борба против Френклин, но потоа се повредив во спаринг. Ми требаше време да се опоравам.
Мечот беше одложен за два месеци, а Мозес веднаш се врати на тренинг.
„Немав никаква пауза, постојано сум во сала, но не под рефлектори. Сè уште тренирам и воопшто не сум се одморил. Сè се врати како што беше – спаринг, трчање, кревање тегови, примање удари, удирање,… Сè беше исто, но сега морам да се прилагодам на Џермејн Френклин“, нагласи Мозес Итаума, а тој знае каков предизвик има овој викенд:
„Добра борба. Мислам дека Џермејн Френклин е совршен противник. Морам да препознаам што прави толку добро за да знам како да му одговорам. Се подготвив одлично за него. А тој е издржлив, подготвен е за мечот, удира и е многу брз. Ги почитувам неговите вештини“.



