АктуелноБоксПрофесионален

Усик рече дека на Еј Џеј му треба повеќе време за да се опорави. Тренираме секој ден и разговараме цело време.

Поранешниот светски шампион Ентони Џошуа повторно тренира по тешката сообраќајна несреќа во Нигерија кон крајот на минатата година во која загинаа двајца негови блиски пријатели и тренери.

Британскиот тешкаш претрпе полесни повреди во сообраќајна несреќа na 29 декември во близина на Лагос, во која загинаа и Сина Гами и Латиф „Лац“ Ајоделе.

Се очекува Џошуа наскоро да се врати на борбите, а нови информации за неговото закрепнување со медиумите сподели Александар Усик, чиј тим се погрижи за подготовките на поранешниот шампион.

„Мислам дека се подобрува. Ентони тренира добро, но медицинскиот тим е сè уште со него, постојано му велат „да не брза и да одвојува повеќе време“. Физички е добро, но му треба повеќе време за целосно да се опорави“, рече Александар Усик и додаде:

„Верувам дека е и ментално добро, разговараме секој ден. Тренираме двапати на ден, наутро и навечер, и разговараме цело време“.

Украинецот му понуди целосна поддршка на Еј Џеј, кого го победи двапати.

„Му реков дека може да разговара со мене кога ќе почувствува потреба. Слушај, го знам Ентони, тој е шампион. Да, во моментов нема појаси, но тоа не ми е важно“, рече Александар Усик и продолжи:

„Шампион не е секогаш оној што ги држи појасите. Шампион е човек кој живее правилно, работи, гледа кон иднината и вели: „Да, можам. Ќе работам и никогаш нема да се откажам“. Важно е да се биде активен секој ден, секоја секунда. Ентони живее така во моментов и овој начин на размислување го движи“.

Џошуа почна да работи со тимот на Усик минатиот декември пред неговата борба со Џејк Пол. Неодамна пристигна во Полска, од каде што возел осум часа до Лавов, најголемиот град во западна Украина.

Усик го прошета низ Киев, каде што посетија споменик на паднатите украински војници, а потоа и споменик посветен на британските војници кои загинаа помагајќи им на Украина.

Тие ја посетија и локалната црква што Усик редовно ја посетува, а украинскиот борец го запозна Џошуа со локалните специјалитети, храна и култура.

Џошуа стана голем обожавател на боршчот, супа од цвекло што обично се служи со павлака.

„Сакав да го запознаам Ентони со нашата национална храна, култура, украинска музика, сè. Сакам да ја почувствува мојата енергија и да ги разбере местата што ми се важни“, рече Александар Усик и додаде:

„Навистина го ценам тоа што е тука. За мене, тој е како постар брат. Тој не е мој противник, тој е мој партнер, мој брат. А сега и тој ја сака украинската храна, особено боршчот“.

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON