АктуелноБорењеОстанато

Гејбл Стивесон потпиша со Риал американ фристајл

Вистинскиот/ риал американски фристајл (РАФ) улови голема риба.

Новата професионална промоција за борење во слободен стил, која дебитираше минатиот август, потпиша договор за повеќе борби со олимпискиот шампион Гејбл Стивесон. Неговиот прв меч ќе се одржи на 30 мај против противник кој ќе биде одреден на РАФ 09 во Далас.

Ариел Хелвани беше првиот што ја објави веста, цитирајќи го портпаролот на промоцијата.

„Гејбл е спортист од следната генерација и една од најголемите ѕвезди што нашиот спорт некогаш ги произвел. Се стремиме да изградиме вистински професионален дом за најдобрите борачи во светот, а изборот на Гејбл за РАФ е доказ дека токму тоа го правиме“, рече Чед Бронштајн, извршен директор и коосновач на Вистинскиот американски фристајл.

25-годишниот Стивесон е силно промовиран како идна ММА ѕвезда откако освои злато на Олимписките игри во Токио во 2020 година во борење во слободен стил. Овие гласини добија на интензитет откако тој почна да се натпреварува во професионални боречки спортови минатата година.

Стивесон има скор од 3-0 во ММА, а сите три победи му се со нокаут во првата рунда. Неговото резиме вклучува и победа со нокаут од 15 секунди на „Дрти боксинг чемпионшип“.

По неговиот олимписки триумф, Стивесон продолжи да се бори на колеџ на Универзитетот во Минесота, каде што стана двократен национален шампион.

Се обиде и да игра за Бафало Билс во НФЛ. Се очекува Стивесон да се приклучи на УФЦ, можеби веќе оваа година. Личности како Џо Роган веќе изјавија дека ќе стане шампион во тешка категорија на УФЦ што е можно поскоро.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON