Аикидо - Реален аикидоАктуелноДруги вештини

Ѓуро Илиќ го предводеше македонскиот тим на 13. Меморијал за реално аикидо – „Мајстор Љуба Врачаревиќ 2026“

Голема поддршка на Меморијалот даде мајсторот Ѓуро Илиќ, мајстор за реално аикидо - 8-ми ден, претседател на Македонската федерација за реално аикидо, со неговите претставници Дејан Чавкоски, Оливер Серафимов и Илче Митрески.

Минатиот викенд, во сабота, на 21 март, во Спортскиот центар Вождовац во белградското „Шумице“ се одржа 13-от Меѓународен Меморијал за реално аикидо – „Мајстор Љуба Врачаревиќ 2026“ во чест на создавачот на оваа автентична вештина за самоодбрана, со учество на бројни клубови од Србија и регионот и специјални гости од разни боречки спортови и вештини.

Меморијалот е организиран од Српскиот сојуз за реално аикидо на чело со мајсторката Ана Врачаревиќ – 9-ти ден, ќерка на покојниот Љуба Врачаревиќ.

Голема поддршка на Меморијалот даде мајсторот Ѓуро Илиќ, мајстор за реално аикидо – 8-ми ден, претседател на Македонската федерација за реално аикидо, со неговите претставници Дејан Чавкоски, Оливер Серафимов и Илче Митрески.

Меморијалот се одржа со цел да се демонстрира боречкиот, техничкиот и тактичкиот дел од програмата, да се зачува споменот и да се оддаде почит и благодарност на големиот мајстор на ралното аикидо, Љуба Врачаревиќ – 10-ти ден. Покојниот Љуба Врачаревиќ го посвети својот живот на промовирање и етаблирање на вештината на реалното аикидо на глобално ниво, лично создавајќи ја, која сега ја практикуваат голем број практичари во многу земји во светот.

На отворањето на Ммеоријалот, беше демонстриран атрактивен приказ на боречкии комбинации од страна на припадници на 72-та бригада за специјални операции на српската армија, што предизвика овации и аплауз од сите учесници и бројни набљудувачи од трибините на СЦ „Вождовац“.

Гости и учесници на Меморијалот беа и КИ аикидо клубот „Мусаши“ предводен од сенсеи Горан Курник, мајстор – 6-ти ден и претставници на карате Уечи рју Окинава до Србија, предводени од сенсеи Милан Димитриески, кјоши – 8-ми ден.

Сите учесници на последниот дел од Меморијалот имаа можност да демонстрираат атрактивни прикази кои беа проследени со силен аплауз од публиката.

Фото: Српскиот сојуз за реално аикидо

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON