Ален Рустемовски по доделувањето на бронзениот медал на Монтенегро купот: Повредата ме спречи да продолжам во финалето
Жал ми е што не продолжив до финале, особено затоа што противникот од Грција веќе го имам победувано и знам дека можев да одам до крај. Но, здравјето е на прво место – се враќам посилен и помотивиран“, вели Рустемовски

Настапив на Меѓународниот турнир Монтенегро куп, кој се одржа од 14 до 21 март со учество на боксери од 20 држави, при што успеав да освојам бронзен медал, напиша на Фејсбук Ален Рустемовски.
„За жал, мојот настап беше прекинат поради повреда во четвртфиналниот меч, добив удар со глава и заработив сериозна расекотина на аркадата (5 см), поради што не бев во можност да настапам во полуфиналето.
Жал ми е што не продолжив до финале, особено затоа што противникот од Грција веќе го имам победувано и знам дека можев да одам до крај. Но, здравјето е на прво место – се враќам посилен и помотивиран“, вели Рустемовски и додава:
„Голема благодарност до моите спонзори што стојат зад мене и ме поддржуваат на секој чекор – Адмирал Македонија.

Ова е само уште една лекција и чекор напред. Наскоро се враќам во рингот“!



