Фјури претпочита да го нокаутира Џошуа отколку да освои светска титула
„Кралот на Ромите“ ја става мега борбата со Еј Џеј над сè друго

Тајсон Фјури изјави дека би сакал да се соочи со Ентони Џошуа отколку повторно да се бори за светската титула во тешка категорија, иако не ја исклучил можноста.
Британецот ќе се врати од пензија следниот месец против Арсланбек Махмудов на стадионот Тотенхем Хотспар.
Во меѓувреме, долгоочекуваната суперборба со Ентони Џошуа би можела да се случи откако Еј Џеј ќе продолжи со тренинзите по сериозната сообраќајна несреќа.
Фјури има и други опции – вклучително и борба против победникот на борбата за титулата во ВБО меѓу Фабио Вордли и Даниел Дубоа, која ќе се одржи во Манчестер. Сепак, неговиот приоритет останува јасен.
„Најголемата борба во светскиот бокс е јас против Џошуа. Дури и денес, по сите овие години, тоа останува најголемата борба“, изјави Фјури за Скај спорт.
Британецот додаде дека е можен и меч против Александар Усик или нова борба за титулата, но интересот на навивачите е главно насочен кон судирот со Џошуа.
„Да станеш повторно светски шампион звучи добро. Но, шансата да го нокаутирам Џошуа? Јас би го избрал тоа“, категоричен беше Фјури.



