
Борачите на Лирија Меди Бислими (125 кг) и Суфијан Исмаили (57 кг) освоија сребрен и бронзен медал на Меѓународниот турнир за У-20 „Старозагорска бореча слава“ во Стара Загора, Бугарија.

Лирија настапи со пет борачи.
„Многу добар настап имаше и Мухамед Вејсели, кој по две последователни победи стигна до полуфинале, но поради повреда не можеше да ги продолжи натпреварите“, истакнуваат од Лирија.

На турнирот учествуваа борачи од Бугарија, Македонија, Романија и Молдавија..



