АктуелноМеѓународна сценаММА

Волкановски: Борбата со Махачев ми е омилена, и покрај поразот

Австралиецот со македонско потекло ја оценува највосоко борбата на врвот на П4П ранг-листата

Поранешниот шампион во перо категорија на УФЦ, Александар Волкановски, призна дека неговата прва борба против Ислам Махачев била неговата омилена во кариерата, и покрај поразот.

Австралиецот со македонско потеколо објасни дека за него борбата не била само борба, туку демонстрација на највисоко ниво на мешаните боречки вештини, во која двајцата борци го покажаа својот целосен арсенал.

„Би помислиле дека мојата омилена борба би била победа, но не е. Тоа е првата борба со Ислам. Едноставно излеговме и им го дадовме на фановите она што го сакаа. Беше број 1 наспроти број 2 во П4П и им го дадовме. Ги покажавме сите вештини. Толку високо ниво во стој“.

„Постојат борци кои се толку добри, но веројатно немаат противник кој може да ги натера да ги достигнат следните нивоа. Ислам беше противник кој ме натера да ги искористам уште повеќе моите нивоа“.

Според него, токму ваквите борби го градат вистинското наследство на еден борец – кога е принуден да ги помести сопствените граници против елитен противник.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON