Познат противникот на Матеј Чатлески на настанот во Бор-Србија
На 28 март ќе ги одмери силите со искусниот боксер Милош Јањанин.

Професионалниот боксер Матеј Чатлески и редовен студент на „Факуктет за електротехника и информациски технологии” при универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, на 28 март ќе настапи во Бор, Србија, каде ќе ги одмери силите со искусниот боксер Милош Јањанин од Босна и Херцеговина.
Јањанин официјално е одобрен од промоцијата „Балкан боксинг“, што гарантира квалитетен и сериозен меч за Чатлески.
Оваа борба ќе биде испитна борба во 4 рунди, важен тест за формата и подготвеноста на македонскиот професионалец, кој чекор по чекор ја гради својата кариера на професионалната сцена.

Настанот е во организација на промоцијата Балкан боксинг, а главен организатор е Ненад Боровчанин.
Официјална борбена карта:
Алмир Мемиќ (СРБ) – Ијаго Кизирија (ГЕ) 6 р.
Милјан Ѓоргевиќ (СРБ) – Карлос Риверо (ВЕН) 6 р.
Марко Мариќ (СРБ) – Кароли Ботош (УНГ) 4р.
Матеј Чатлески(МКД) – Милош Јањанин (БиХ) 4р.
Матија Радовиќ (МНЕ) – Иван Кривачевиќ(СРБ) 4р.
Бенјамин Потурак(БиХ) – Пал Олах (УНГ) 4р.

Две атрактивни борби се откажани во кои требаше да настапат српските боксери Милош Јаничиќ и Јован Николиќ .
Љубителите на боксот ќе можат да ги проследат борбите во живо на ТВ Арена фајт.



