АктуелноБорењеДомашна сцена

Ивица Карапетров е нов претседател на БК Бучим

Бучим од вчера има нов претседател и нов Управен одбор кои беа избрани редовното изборно Собрание.

За претседател на клубот е избран Ивица Карапетров, кој доаѓа од генералниот спонзор на клубот рудникот за бакар Бучим, каде ја извршува функцијата заменик управител. За потпретседатели се избрани довчерашниот претседател Владо Лазаров и Горан Ристов, додека за спортски директор е избран трикратниот европски шампион и светски вицешампион, освојувач на првиот олимписки медал во независна Македонија и член на златната генерација на Бучим – Магомед Ибрагимов. За генерален секретар е избран Славчо Тодоров, додека за стручен секретар Љубе Тодоров.

Новото раководство најавува враќање на клубот на старите патеки со амбициозен план и враќање на врвот во Македонија и освојување на голем број медали од меѓународни турнири, како и од европски, светски првенства и од Олимписките игри.

Зад клубот, како генерален спонзор, како и досега, ќе биде рудникот за бакар и злато Бучим, Општина Радовиш, како и Адора инженеринг во сопственост на почесниот претседател на клубот проф. д-р. Ванчо Чифлиганец.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON