АктуелноМеѓународна сценаММА

Аспинал најави враќање во кафезот: Назад на работа!

Се чини дека британскиот тешкаш ги решил сите проблеми со видот и е подготвен да го продолжи своето професионално патување

Кон крајот на октомври минатата година во главната борба на настанот УФЦ 321 Том Аспинал се бореше со Сирил Гане, но наместо спектакл – се случи антиклимакс. Во финалето од првата рунда, францускиот предизвикувач ги забоде прстите во очите на шампионот во тешка категорија и го повреди, а епилогот беше „без одлука“ (поништен).

Британскиот тешкаш беше опериран кратко потоа и ситуацијата не изгледаше добро, но се чини дека повредите се санирани и дека наскоро би можеле да го видиме во акција Аспинал.

„Назад на работа“ – напиша шампионот на УФЦ во најновата објава на Инстаграм, со што го најави своето враќање во акција, имено прво на целосниот процес на тренирање, а потоа и во самиот октагон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Aspinall (@tomaspinallofficial)

Се чини, сè на сè, дека проблемот со контроверзниот хематом сега е решен и дека Аспинал продолжува со професионалната кариера. Веста за неговото враќање доаѓа во прилично интересен момент кога зборуваме за околностите во тешката категорија на УФЦ, бидејќи сè повеќе се споменува дека Гане и Алекс Переира, кои неодамна ја напуштија полутешката дивизија, би можеле да се борат за привремениот шампионски појас, а во истиот контекст се споменува и поранешниот шампион Џон Џонс, кој наводно преговара со промоцијата за неговото враќање на настан поврзан со Белата куќа во Вашингтон.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON