АктуелноДомашна сценаКарате

Гоце Петров нов спортски директор на Карате федерацијата на Македонија

Собранието на Карате федерацијата на Македонија донесе одлука за назначување на Гоце Петров за нов спортски директор, со цел унапредување на стручната работа и системски развој на репрезентативното карате.

Гоце Петров е поранешен карате репрезентативец и освојувач на првиот сениорски балкански медал за Македонија во сениорска конкуренција. Зад себе има долгогодишно тренерско искуство и работа со млади категории и сениори, а се истакнува и со изразени менаџерски способности во организација и водење на спортски процеси.

Во својата изјава по изборот, Петров истакна дека негов приоритет ќе биде воспоставување јасни и транспарентни критериуми за селекција, професионален пристап во подготовките и континуирана едукација на тренерите.

„Федерацијата мора да биде поддршка на клубовите и двигател на квалитетот,“ изјави новиот спортски директор.

Со ова назначување, Федерацијата испраќа порака за стабилност, професионалност и долгорочна стратегија во развојот на македонското карате.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON