АктуелноМеѓународна сценаММА

Гејбл Стивесон со уште една брза победа во ММА

Стивесон ја заврши борбата крваво приклештувајќи го Лезама на подот, каде што продолжи да задава силни удари, а судијата конечно виде доволно за да ја запре борбата.

Гејбл Стивeсон ја доби првата рунда и стигна до 3-0 во главнaтa борба на МФЛ 3 во Мексико. Високо ценетиот надежен и освојувач на олимписки медал, на кој тренер му е Џон Џонс, се соочи со најискусниот противник досега, Хуго Лезама, кој има скор од 11-3. Резултатот беше ист како и во првите две борби.

И покрај искуството во борењето, Стивесон не мораше да се соочи со многу соборувања, бидејќи Лезама продолжи да прави грешки што го соборија. Стивесон ја заврши борбата крваво приклештувајќи го Лезама на подот, каде што продолжи да задава силни удари, а судијата конечно виде доволно за да ја запре борбата.

Прекинот се случи на 3:50 од првата рунда, а Стивесон ја заработи третата професионална победа.

„Се чувствувам одлично. Има многу работи на кои треба да се подобрам. Но, секој ден станувам подобар. Тешка борба, човек кој не се откажува. Одличен противник, мило ми е што е внатре“, рече Стивесон за победата.

Стивесон ја прослави победата со Џонс, заедно со тренерите Грег Џексон и Брендон Гибсон, правејќи чекор поблиску до крајната цел да се натпреварува во УФЦ. Но, и покрај очекувањата дека наскоро ќе се бори во октагонот, Стивесон не даде никакви изјави за тоа што може очекува по оваа последна победа.

„Ќе се истуширам, ќе се вратам во хотелот и ќе поспијам. Ќе продолжам со она што ме очекува“, рече Стивсон кога го прашаа што го очекува.

Веројатно нема да помине долго време пред УФЦ да го повика Стивесон да го додаде во составот, но засега, може да ја прослави последната победа.

https://twitter.com/Grabaka_Hitman/status/2024718831579537886

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON