АктуелноБоксПрофесионален

Потврден датумот за Тајсон – Мејведер!

Легендите ќе се сретнат во спектакуларен егзибициски меч.

Егзибицискиот боксерски меч меѓу Мајк Тајсон и Флојд Мејведер Jуниор е закажан да се одржи на 25 април во Конго. Веста ја објави авторитетниот американски инсајдер на списанието „Ринг“, Мајк Копингер, кој се повика на свои извори.

59-годишниот Тајсон е член на Меѓународната боксерска куќа на славните и поранешен апсолутен светски шампион во тешка категорија. Во професионалната кариера има 50 победи, седум порази и две борби прогласени за неважечки.

48-годишниот Мејведер, пак, ја заврши кариерата како непоразен светски шампион во пет тежински категории со совршен скор од 50 победи, од кои 27 со нокаут.

Се очекува судирот меѓу двете легенди да предизвика голем интерес кај љубителите на боксот низ целиот свет.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON