Светски шампион пред да се пензионира сака да се испроба во тешка категорија
Во неодамнешно интервју за Фајт хаб Рамирез откри дека сака да се испроба во тешка категорија, барем во две или три борби, пред да се пензионира

Актуелниот светски шампион Жилберто Рамирез – Зурдо е во одлична форма откако се пресели од полутешка во крузер категорија.
Во ноември 2022 година загуби од Дмитри Бивол во меч за титулата во полутешка категорија на ВБА, а оттогаш има четири победи по ред.
34-годишниот Мексиканец моментално ги држи титулите на ВБА и ВБО во крузер категорија, кои ги одбрани во јуни минатата година победувајќи го Јуниел Дортикос.
Според некои извештаи, Зурдо би можел да ја договори следната борба против шампионот на ВБЦ во полутешка категорија, Давид Бенавидез, а таа борба би можела да се одржи на почетокот на мај во Мексико.
Во неодамнешно интервју за Фајт хаб Рамирез откри дека сака да се испроба во тешка категорија, барем во две или три борби, пред да се пензионира.
„На крајот од мојата кариера, сакам и да се поместам во категорија нагоре, да. Тешка категорија, зошто да не? Не знам сè уште, но би сакал да имам две или три борби во тешка категорија. И после тоа би можел да се пензионирам“, истакна Жилберто Рамирез – Зурдо.



