Селекторот Ацевски е задоволен од денешниот тренинг-семинар во Штип
Тренингот беше за подобрување на техниката за борби, најмногу за првиот и вториот дел во џиу џицата.

Селекторот на џиу џицу репрезентацијата Александар Ацевски денес во Штип одржа тренинг-семинар со четириесетина млади борци и неколку тренери во ЏЏК Осенсеи.

Тренингот беше за подобрување на техниката за борби, најмногу за првиот и вториот дел во џиу џицата.
„Веќе следната сабота ќе одработиме и втор дел од тренинг кампот, ќе биде во Скопје и е отворен и бесплатен за сите како и секогаш досега. На крајот на месецот одиме на тридневен тренинг камп во Алексинац, Србија, каде што ќе тренираме заеднички со светскиот шампион Никола Трајковиќ и неговите асистенти и ученици“, вели Ацевски.

На 6 март 20 борци ќе настапот на меѓународен турнир во Словенија, како пробен тест турнир, додека на 12 март петмина натпреварувачи че заминат на Европското првенство во Крит, Грција.

„Нашата репрезентација е силно мотивирана, финансиски поддржана од Министерството за спорт, тренира двапати дневно и веќе почна да покажува резултати. Се надеваме дека и на Европското првенство ќе се вратиме со освоени медали. На 29 март се одржува Државното првенство“, истакнува Ацевски и додава:

„Веќе во април не очекува најјакиот гран при турнир во светот, „Париз опен“, сениорски турнир што ги собира најдобрите сениори од светот“.



