Шампионот Матеј Белистојаноски и вицешампионот Немања Младеновиќ на прием кај министерот Борко Ристовски
Горд сум на златниот медал и европската титула на Матеј Белистојаноски и на сребрениот медал на Немања Младеновиќ – резултати што јасно покажуваат дека македонскиот спорт има иднина и квалитет.

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари прием со младите македонски каратисти кои постигнаа извонреден успех на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори (У-21), одржано во Лимасол, Кипар.
На средбата беа истакнати резултатите што македонската репрезентација ги оствари во силна конкуренција од 1.276 натпреварувачи од 47 држави, при што Македонија настапи со 36 репрезентативци.
Злато за Белистојаноски, сребро за Младеновиќ.

Најзначајниот резултат за Македонија го оствари Матеј Белистојаноски, член на карате клубот „Олимпик“, кој го освои златниот медал и титулата европски шампион во категоријата до 67 килограми (У-21).
Вториот медал за нашата земја го донесе Немања Младеновиќ од карате клубот „Металург“, кој се закити со сребрен медал во категоријата над 70 килограми, освојувајќи ја вицешампионската титула
„Со особено задоволство денеска ги пречекав младите македонски каратисти по големиот успех што го постигнаа на Европското првенство за млади категории во Лимасол, Кипар.
Горд сум на златниот медал и европската титула на Матеј Белистојаноски и на сребрениот медал на Немања Младеновиќ – резултати што јасно покажуваат дека македонскиот спорт има иднина и квалитет.
Иако каратето не е олимписки спорт, масовноста, интересот и резултатите што ги носи се вистинска вредност. Токму затоа, овие двајца млади европски медалисти ќе бидат вклучени во специјална програма за финансиска поддршка од Министерството за спорт, како признание за достојното претставување на Македонија и за вредностите што ги носат.

Ќе продолжиме да разговараме и да работиме на поголема поддршка за каратето и за сите спортови што создаваат резултати, млади шампиони и позитивен пример за идните генерации.
Министерството за спорт останува силен партнер на младите и врвните спортисти – затоа што тие се нашата иднина и најдобрата промоција на Македонија“, изјаби Ристовски.



