Во Пинк пантер задоволни од сработеното во 2025 година
„Со голема чест и благодарност кон спортската јавност на Штип, ги споделуваме признанијата за истакнатите спортисти и спортски работници за 2025 година. Горди сме на трудот, посветеноста и успехот што секој од нив го вложува во својата спортска приказна“, напиша на Фејсбук еден од основачите на КК Пинк пантер, Илија Младеновски.

Од Боксерскиот клуб Пинк пантер изразуваат задоволство од сработеното во 2025 година, а сето тоа синоќа беше удостоено со награди на изборот на најдобрите спортисти на Штип.

„Со голема чест и благодарност кон спортската јавност на Штип, ги споделуваме признанијата за истакнатите спортисти и спортски работници за 2025 година. Горди сме на трудот, посветеноста и успехот што секој од нив го вложува во својата спортска приказна“, напиша на Фејсбук еден од основачите на КК Пинк пантер, Илија Младеновски.

Тој нагласува дека Иса Бајрам е најдобар спортист на Штип за 2025 година во кадетска конкуренција, додека Александар Панов е добитник на признание и влез меѓу 5-те најдобри јуниори, Али Расимов добил признание за најперспективен млад спортист.

Тренерот во клубот, Петре Чурлиновски, е прогласен за спортски работник за 2025 година, Меморијалниот меѓународен боксерски турнир „Јордан Мијалков“ спортски настан за 2025 година.

Младеновски вели дека сето ова е по заслуги на целиот колективот.



