АктуелноДомашна сценаКарате

Каратистот Љупчо Михајлов е најдобар спортист за 2025 година во Штип, доминација на боречките спортови

Најдобар спортист за 2025 година на Штип е избран каратистот Љупчо Михајлов (КК Штип) на вечерашната манифестација во Општина Штип.

Признанието на Љупче Михајлов му го предаде градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов.

Неговите тренери, браќата Сашко и Жарко Арсовски, се прогласени за најдобри.

Најдобра жена спортистка е ракометарката Марија Анчева, а најдобар клуб Одбојкарскиот клуб Штип УГД.

Наградата за животно дело му е доделена на борачот Дејан Митров. Најдобар спортски работник Петар Чурлиновски, тренер во БК Пинк пантер.

Прва во младинска конкуренција е Душица Бреслиева од КК Штип, а во кадетска е боксерот од Пинк пантер Иса Бајрам.

Спортски настан за 2025 година – Меморијалниот боксерски турнир „Јордан Мијалков“ во организација на БК Пинк пантер.

Лука Ананиев – борач, прво место во конкуренција на пионери.

Најдобар спортски судија Даниел Илијев.

Фудбалерот Бојан Миовски е прогласен за спортски амбасадор.

Фото: Кирил Манев/ Иван Јорданов Фејсбук

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON