АктуелноДруги вештиниЏиу џицу - БЏЏ

Катерина Ацевска утре на Гранд при Џенова почнува нов поход кон светскиот врв

Ацевска во првото коло е слободна, а во второто ќе се сретне со победничката од мечот Миријана Стравино – Федерика Маза и двете од Италија.

Катерина Ацевска го мина мерењето и утре ќе излезе на татамито Гран при Џенова опен во Италија во џиу џицу.

Ацевска во првото коло е слободна, а во второто ќе се сретне со победничката од мечот Миријана Стравино – Федерика Маза и двете од Италија. Ако победи ќе се пласира во финалето.

На турнирот ќе настапат 267 натпреварувачи со 293 натпреварувачки влезови од 24 земји.

Да потсетиме, минатата година во ноември Катерина Ацевска на Светското првенство во џиу џицу во Банког, Тајланд, го освои прв сениорски медал за Македонија. Таа во категоријата над 70 килограми гопостигна најголемиот успех во кариерата освојувајќи го бронзениот медал на СП.

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON