Девин Хејни одговори на прозивката на Шакур Стивенсон
„Тој е одличен борец... Но да, знам како можам да го победам“, рече Девин Хејни.

Непоразениот американски борец Шакур Стивенсон минатиот викенд на настан во Њујорк му одржа лекција на сонародникот Теофимо Лопез и со убедлив настап ја освои титулата во супер лесна категорија на ВБО.
Стивенсон доминираше во текот на целата борба, па судиите немаа проблем да одлучат кој е подобар, сите тројца го оценија во негова корист – 119-109. Тоа беше неговата 25-та победа во кариерата, што го направи шампион во четврта тежинска категорија.
Девин Хејни во ноември минатата година на настан во Ријад ја забележа една од најголемите победи во кариерата кога со едногласна одлука го победи Брајан Норман Јуниор во меч за титулата во велтер категорија на ВБО.
Во последните неколку дена, многумина со интерес следеа што ќе прави следно Шакур, бидејќи по неговата фантастична победа над Лопез, љубителите на боксот сакаат што е можно поскоро повторно да го видат во акција.
Еден од потенцијалните противници на Стивенсон е Британецот Конор Бен, но не е тајна дека американскиот боксер сака и меч против непоразениот сонародник Девин Хејни.
Во разговор на социјалните мрежи Хејни призна дека е заинтересиран за меч против Стивенсон и верува во победа доколку некогаш се сретнат во рингот.
„Тој е одличен борец… Но да, знам како можам да го победам“, рече Девин Хејни.



