АктуелноДруги вештиниЏиу џицу - БЏЏ
Катерина Ацевска со нов предизвик на Гранд при Џенова опен

Викендов се одржува Гран при Џенова опен во Италија во џиу џицу.
Нашата земја ќе ја претставува Катерина Ацевска во џиу џицу борби над 70 килограми.
Нејзиниот настап е во недела.
На турнирот ќе настапат 267 натпреварувачи со 293 натпреварувачки влезови од 24 земји.
Да потсетиме, минатата година во ноември Катерина Ацевска на Светското првенство во џиу џицу во Банког, Тајланд, го освои прв сениорски медал за Македонија. Таа во категоријата над 70 килограми гопостигна најголемиот успех во кариерата освојувајќи го бронзениот медал на СП.



