Шакур Стивенсон го симна од тронот Теофимо Лопез и стана нов шампион на ВБО

На 1 февруари, во легендарниот „Медисон сквер гарден“ во Њујорк се одржа долгоочекуваниот боксерски меч меѓу непоразениот шампион во лесна категорија на ВБЦ, Шакур Стивенсон, и шампионот во велтер категорија на ВБО, Теофимо Лопез.
Стивенсон имаше исклучително контролиран и доминантен настап и го победи Лопез со едногласна одлука – 119–109, 119–109, 119–109. Со овој успех, тој ја освои светската титула во ВБО во категоријата до 63,5 кг и додаде уште едно одличје на импресивната кариера.
28-годишниот Шакур Стивенсон, кој го имаше своето професионално деби во 2017 година, веќе е светски шампион во полулесна, втора полуслесна и лесна категорија, а веќе и во прва полусредна категорија, етаблирајќи се како еден од најтехничките и доминантните боксери на својата генерација.
https://twitter.com/DifferentRanks/status/2017833379178172690
За возврат, исто така 28-годишниот Теофимо Лопез, професионалец од 2016 година, останува со титули во лесна и прва полусредна категорија, но овој пат не најде одговор на прецизната одбрана, движење и контрола на растојанието на Стивенсон.
Победата го става Шакур Стивенсон во центарот на идните големи борби во дивизијата и го прави една од најжешките фигури на светската боксерска сцена.



