АктуелноМеѓународна сценаММА

Волкановски: Ја завршив работата со силниот Лопез

Александар Волкановски ја одбрани титулата во перо категорија на УФЦ. На големиот настан УФЦ 325 во арената „Кудос бенк“ во Сиднеј, Волкановски доминираше против Бразилецот Диего Лопез и стигна до 28-та победа во кариерата и третата во последните шест борби.

Волкановски, со фантастичен настап пред домашните навивачи, како што правел многу пати претходно, беше многу убедлив во реваншот против Лопез, што го покажуваат резултатите на картите на судиите: 49-46, 49-46 и 50-45.

Со прецизни удари и одлична работа со нозете, Волкановски изгледаше уште подоминантен отколку за време на нивната прва борба во април минатата година, кога исто така победи со едногласна одлука на УФЦ 314 во Мајами.

„Направив некои прилагодувања, бидејќи очекував Лопез да влезе целосно подготвен. Неговиот тим одлично ја заврши работата“, рече Александар Волкановски, додавајќи:

„Во последната борба ме изненади со некои движења, па сега сакав да бидам поубедлив. Знаев што ме очекува и такви беа подготовките, морав да ги искористам сите мои други алатки“.

https://twitter.com/adiix_official/status/2017742455408627879

37-годишниот австралиски борец со македонско потекло доминираше речиси сите 25 минути, но признава дека малку ги чувствува своите години.

„Сакав да го фатам и да го соборам, но тој е многу силен. Верувајте ми, не сакав да се борам сите 25 минути. Но, ја завршив работата“, нагласи Александар Волкановски.

Во борбата за конасловната борба во лесна категорија, Французинот Беноа Сен Дени го победи со прекин во втората рунда Новозеландецот Ден Хукер, а во претходниот меч, Бразилецот Маурисио Руфи беше подобар од Азербејџанецот Рафаел Физиев на ист начин.

Бразилскиот борец Талисон Тешеира во мечот во тешка категорија со едногласна одлука го победи Австралиецот Таи Туиваса.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON