АктуелноБоксДомашна сцена
Ален Рустемовски награден со милион денари од Општина Битола за подготовки за Олимписките игри

Со еден милион денари од буџетот, Општината ќе го поддржи Ален Рустемовски за неговите подготовки за обезбедување пласман на Олимписките игри.
Спортистот Ален Рустемовски е прогласен за спортисти на годината 2025 на Македонија, додека неговиот брат Адријан Рустемовски е прогласен за млад спортист на Македонија.
„Со ова уште еднаш Битола покажа и докажа дека е спортски град, а изградбата на боксерската сала е вистинска инвестиција на Општина Битола“ вели градоначалникот Тони Коњановски.
Општина Битола ќе продолжи и во наредниот период финансиски да го поддржува Рустемовски.



