АктуелноБоксПрофесионален

Канело и Нетфликс ги здружија силите за документарец за една од најголемите трилогии во историјата

Мексиканската боксерска суперѕвезда Канело Алварез и Нетфликс ги здружија силите за нов долгометражен документарец кој ќе обезбеди длабинска анализа на една од најголемите трилогии во историјата.

Документарецот ќе ги следи настаните од трите борби меѓу Канело и Генади Головкин, од контроверзното нерешено во септември 2017 година до одлучувачките победи на Мексиканецот една година подоцна, како и нивната последна пресметка во септември 2022 година.

Датумот на објавување сè уште не е одреден, но проектот веројатно ќе биде стратешки темпиран. Имено, документарецот ќе биде подготвен за објавување во септември, кога се очекува Канело да се врати на рингот.

Мексиканецот ќе биде главен на голем настан во Ријад за време на викендот кога Мексиканците го слават Денот на независноста.

Ова ќе биде негова трета борба според договорот со саудискиот боксерски гигант Турки Алалших, а му останува уште една што веројатно ќе ја договори за крајот на 2026 или почетокот на 2027 година.

Канело е надвор од рингот од минатиот септември кога со едногласна одлука загуби од Теренс Крафорд и го загуби појасот во супер средна категорија.

35-годишникот од Гвадалахара беше заинтересиран за реванш по борбата, но во меѓувреме Крафорд објави крај на кариерата.

Можни противници на Алварез се Кристијан Мбили, Давид Бенавидез (доколку се врати во супер средна категорија) или дури и Хамза Шираз.

„Канела го чека голема борба во септември, а настанот ќе се вика „Мексико против светот“. Сите борци од тимот на Канело против најдобрите борци во светот. Алварез ќе учествува во главната борба за светската титула. А кој ќе му биде противник? Па, тоа е изненадување“, рече Турки Алалших.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON