АктуелноКаратеПремиер лига

Костовска запрена од Бакирова во четвртфиналето на Премиер лигата во Истанбул

Вероника Костовска не се пласира во полуфиналето на Карате 1 Премиер лигата во Истанбул, Турција, бидејќи четвртфиналето загуби од Аизахан Бакирова од Казахстан со 1-3.

За жал на нашата репрезентативка, Бакирова не се пласира во финалето, а со тоа не и овозможи репасаж на Костовска и борба за бронзениот медал.

Сепак, ова е добар старт на почетокот на годината, и тоа со светската елита.

Резултати – Премиер лига – Истанбул:

-61 кг
Вероника Костовска – Анастаисија Чупина (ВКФ) 3-2
Вероника Костовска – Анастасија Семененко (Германија) 3-3
Вероника Костовска – Олександра Шолохова (Украина) 4-3
Четвртфинале
Вероника Костовска –Аизахан Бакирова (Казахстан) 1-3

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON