БорењеОстанато

УВВ им дозволи на руските борачи под 24 години да се натпреваруваат со знаме и химна

Обединетото светко борење (УВВ/ ОСБ) им дозволи на руските спортисти под 24 години да учествуваат на меѓународни турнири под националното знаме и химна, пренесува ТАСС.

Претседателот на Руската федерација за борење, Михаил Мамијашвили, прецизираше дека прашањето за учеството на други руски спортисти останува отворено и ќе биде разгледано на еден од следните состаноци на бирото на УВВ.

Во април 2023 година ОСБ им дозволи на руските борачи да се натпреваруваат како неутрални спортисти. Русија подоцна се откажа од учество на Олимписките игри во Париз во 2024 година.

Мерката беше дел од глобалните ограничувања против рускиот спорт, воведени откако МОК го препорача тоа во 2022 година поради војната во Украина. Некои од спортистите продолжија да се натпреваруваат како неутрални, додека други го променија своето спортско државјанство.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON