АктуелноМеѓународна сценаММА
Дана Вајт објави кога ќе започне со организирање на УФЦ во Белата куќа

Извршниот директор на УФЦ, Дана Вајт, објави дека ќе започне со планирарање на настанот во Белата куќа, закажан за средината на летото, уште од крајот на јануари.
„Имаме боксерски настан на 23 јануари и УФЦ настан на 24-ти. Ќе почнам да работам на настанот во Белата куќа веднаш потоа“, му рече Вајт на Стивен А. Смит.
Настанот на УФЦ во Белата куќа е закажан за 14 јуни 2026 година. Според Вајт, местото на одржување ќе може да прими до 5.000 гледачи. Дополнителни 85.000 гледачи ќе можат да го гледаат настанот на големи екрани.



