Многу сум среќен што повторно сум овде, многу ми недостигаат деновите на борба!

Утре, на новогодишната ноќ, Ризин го организира својот традиционален настан за премин во Новата година. Настанот се нарекува „Фестивал на воини“, а содржи дури пет борби за титулата!
За тој спектакл во Токио, во Супер арената саитама, беа поканети неколку почесни гости, меѓу кои и легендарниот Мирко Филиповиќ – Кро Кап, како и легендарниот Антонио Родриго Ножеира- Минотаур.
Ризин се смета за наследник на незаборавната промоција на боречки вештини Прајд фајтинг, која во 2000-тите го означи златното доба на слободната борбата со бројни легендарни имиња на својот список, имиња како што е претходно споменатото дуо, но и други како што се Федор Емелијаненко, Вандерлеј Силва, „Ремпејџ“ Џексон, Казуши Сакураба, Маурицио „Шогун“ Руа и Ден Хендерсон, меѓу другите.
Пред утрешниот настан, Филиповиќ и Ножеирра одржаа краток говор:
„Коничива, генки десу ка? (Јапонски: Здраво, како си?) – почна Мирко и се префрли на англиски.
Многу сум среќен што се вратив тука по седум години и се што можам да кажам е дека многу ми недостига Јапонија. Ми недостигаат моите денови на Прајд, ми недостига Ризин, ми недостига сè што е поврзано со Јапонија и моите денови на борба“.
Потоа проговори „Минотаур“:
„Како што рече Мирко, толку многу ни недостигаат нашите денови на Прајд, а сега сме тука да го видиме шоуто на Ризин.
Ви благодарам многу, ајде да уживаме во најдоброто шоу досега! Ви благодарам“!
За потсетување, Мирко и „Минотаур“ се бореа во 2003 година на настанот Прајд финален конфликт, кога Бразилецот славеше со принуда на предававање во втората рунда.
„Борбата со „Кро Кап“ во 2003 година, ме претепа првата рунда (се смее). Го погледнав тренерот, а тој рече: „Човече, не ја губи оваа борба“. Ме испрати во нокаут, но беше крајот на рундата, па судијата нè одвои. Седев пред него, а тој и неговиот тим славеа како веќе да ја добиле борбата. Но, потоа победив во втората рунда“, се присети „Минотаур“ во едно интервју, признавајќи дека тоа била најтешката борба во неговата кариера.
Покрај Прајд, Мирко се борел и во Ризин. Тој го освои Гран при турнирот во тешка категорија во 2016 година по четири победи со прекин, а следната година се бореше една борба на Гран при во 2017 година, каде што исто така победи со прекин.
Последниот настап на Мирко под знамето на Ризин беше на настанот Ризин 13 во 2018 година, кога победи со медицински прекин во првата рунда, по брутален лакт што отвори исекотина на челото на Роке Мартинез. Тоа беше и претпоследната борба во професионалната ММА кариера на „Кро Кап“.



