Тајсон Фјури ќе влезе во рингот со Ентони Џошуа, но само под еден услов: Едоставно е така

Тајсон Фјури призна дека е подготвен да влезе во рингот против Ентони Џошуа следната година, но со одредени услови.
Судирот во тешка категорија е една од најголемите борби во светскиот бокс и меч што фановите очајно го посакуваат речиси една деценија.
Во тој период, двајцата мажи беа светски шампиони – Фјури го победи Владимир Кличко за да стане обединет шампион, по што се пензионираше од спортот неколку години. Потоа се врати и во драматичен меч го зеде појасот на ВБЦ од Дионтеј Вајлдер, бранејќи го во подеднакво епски реванш, пред на крајот да му ја предаде титулата на генерацискиот великан Александар Усик.
Усик е исто така боксерот кој го симна Џошуа од тронот во 2021 година, и ниту тој ниту Фјури не беа во можност да го променат исходот во нивните реванши против украинската легенда.
Фјури е во пензија од јануари 2025 година, додека Џошуа е надвор од рингот од септември 2024 година, кога беше нокаутиран од Даниел Дубоа, до минатиот викенд, кога во нерамномерна борба го запре Џејк Пол.
Во разговор за „Скај спорт“, промотерот на Фјури, Френк Ворен, призна дека „Ромскиот крал“ е заинтересиран за борбата, но само под еден услов:
„Она што ќе го мотивира Тајсон е финансискиот аспект. Верувам дека може да го победи „Еј Џеј“, самиот Тајсон и целиот негов тим веруваат во тоа. Сè се сведува на вредноста на борбата. Тоа е голема борба и вреди многу пари. Тајсон има своја цена. Ако ја добие својата цена, ќе влезе во рингот и ќе се бори со него.
Во истото интервју Ворен рече дека борбата најверојатно ќе се одржи во Саудиска Арабија како дел од Сезоната во Ријад:
„Парите ќе диктираат каде ќе се одржи борбата, едноставно тоа е. Ќе одат таму каде што се парите, тие се професионални борци, влегуваат во рингот и примаат удари за пари“.
Иако повеќето фанови би претпочитале да ја видат борбата во Обединетото Кралство, самиот факт дека воопшто може да се случи е сепак добра вест.



