Аикидо - Реален аикидоАктуелноДруги вештини
Пелистер, Маруи и Нико со најмногу први места на Државно првенство во дисциплината аики демо

Во организација на Аикидо федерацијата на Македонија во Битола во изминатава недела се одржа Државно првенство во дисциплината аики демо.
Најмногу први места освојиа следните клубови: АК Пелистер од Битола 10, КРА Маруи од Скопје 9, КРА Нико-Кочани 7,КРА Сенсеи -Битола 2 и КРА Таи сабаки доџо од Лескоец-Охрид 1.

Учествуваа сите клубови членки на Аикидо федерацијата и имаше натпреварувачи во сите старосни категории: У-11, У-13, У-15, У-18, У-21, У-23, У+23 и три категории на ветерани.



