АктуелноБоксДомашна сцена

Аперкат ја прослави шампионската титула со своите членови и гости во салата во Автокоманда

Аперкат ја прослави шампионската титула во Првата боксерска лига со своите членови и гости во нивната сала во Автокоманда, Општина Гази Баба.

БК Аперкат ја продолжи традцијата и организираше новогодишна забава за сите членови на клубот, а најмладите добија новогодишни пакетчиња.

На прославата присуствуваа сите членови на клубот, како и гостите, претседателот на Боксерската федерација на Македонија, Кристијан Андреевски, тренерите на БК Скопје – Ивица Голубиќ, на БК Кисела Вода Ѕвонко Ѓоргиевски, БК Чигра Блажо Василев и други.

Клубот на сите членови им посакува да имаат здравје, среќа и успешна спортска година во 2026-та.

„Им благодариме на сите за целокупната поддршка и се надеваме дека истите ќе продолжат да не поддржуваат за овие млади таленти да постигнат поголеми успеси“, истакнуваат од Аперкат.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON